After Midnight

Кога пријателството води кон љубов

Кога ќе ве видат заедно, многумина мислат дека сте пар, а не “само” пријатели. Не сте пар,но еден на друг си ја посветувате секоја минута од слободното време. Се слушате неколку пати на ден, а пораки си испраќате постојано.

Често нагласувате дека сте најдобри пријатели, но дали е тоа навистина така? Пријателите ви велат дека е добро да поставите граница. Често се шегувате на темата што би се случило кога би биле во врска. Често се плашите дека пријателството ќе исчезне ако почнете да се забавувате или пак не сте свесни за силните чувства…

Недефинираните врски најчесто водат до емоционална болка. Ако се чувствувате непријатно во ваква врска, отстапете, прифатете ја одговорноста за настанатата ситуација. Вратете се на вистинскиот пат и цврста основа или вклучете се во романса.

Дефинирањето на односите и границите е особено важно кога создаваме нови пријателства, велат многу психолози. Збунувачките сигнали ќе ги избегнете доколку веднаш зборувате со пријателот. Отворено кажете му што ве загрижува, разговарајте, не претпоставувајте.

Доколку дојде до нежен бакнеж и прегратка, експертите советуваат дека е најдобро веднаш да ја расчистите ситуацијата и да видите на што сте. Доколку сакате да поставите граници, но се плашите дека на тој начин ќе го повредите пријателот или пак ќе го загубите, знајте дека на крајот некој од вас сигурно ќе биде повреден.

Одложување на неизбежното нема да ви помогне. Помалку е болно ако сте искрени од почетокот и јасно ставите на знаење што очекувате од пријателството. Здравите врски опстануваат само кога комуникацијата е отворена и искрена.

Напиши коментар