Долго сте биле пријатели и ги сакате истите работи во врска
Иако прв пат сте излегле на состанок, сепак многу добро се познавате и знаете што можете да очекувате еден од друг. Имате слични погледи и размислувања под прашањето врска. Освен тоа, ако сте така долго пријатели, а си се допаѓате, дозволете и на меѓусебната сексуална привлечност да го направи останатото.
Вие сте прилично затворена личност
Ако барате сериозна врска и ги следите сите правила поврзани со барањето партнер вклучувајќи го и она за чекањето за првиот секс, најверојатно ќе ви биде тешко да се отворите и да се поврзете со партнерот во текот на првите неколку недели. Ако веднаш пробате секс, помеѓу вас ќе се создаде одредена сексуална интимност и целиот процес на запознавање би бил полесен. Сепак, треба да имате на ум дека таа емоционална поврзаност, без разлика на сексот, никогаш нема да се развие.
Морате да го заборавите поранешното момче
Ако сеуште не го заборавивте, не треба да започнете нешто ново и сериозно со нов партнер. Меѓутоа, ако немате сериозни намери, нема причини зошто да не се забавувате.
На одмор сте
Иако можеби дома барате сериозна врска, на одмор препуштете му се на моментот. Сексот на прва средба сфатете го како дел од забавата на одмор. Ако можете едноставно да уживате без посебно врзување и да се вратите дома со насмевка сеќавајќи се на тоа, нема причина зошто да не се препуштите на моментот.
