After Midnight

Кои Хороскопски знаци се најуспешни во љубовта?

Секој човек верува дека неговиот хороскопски знак е најубав. Лошо нема! Од гледна точка на индивидуалноста, секој си е во право. Но како што стојат работите, кога станува збор за интимни односи? Англискиот весник ги публикуваше трите хороскопски знаци кои се најуспешни во љубовта. Авторите се повикуваат на голем број истражувања спроведени меѓу претставниците на различните хороскопски знаци, а основните критериуми биле должината на нивните врски и односот кон заедничкиот живот и семејството.

Риби – претставниците на овој хороскопски знак, понекогаш се обвинувани поради нивната пасивност и летаргично однесување. Ова сепак не е нивната суштина. Рибите се најврените партнери, па дури и кога не се  среќни, тие никогаш нема да помислат на можноста за неверство.

Тие ги сакаат децата и затоа создавањето на цврсто и сплотено семејство е теме број еден во нивниот живот. Покрај тоа, рибите се со најмал кариеризам во себе. Тие ја претпочитаат домашната атмосвера.

За да изградат здрава врска, рибите избираат емоционално посилен партнер кој ќе ја превземе контролата над нештата. Тие се оставаат да бидат држени во сенка.

Девица – критичната девица исто така го става на прво место семејството (под услов да нашла партнер на нејзино ниво). Но, додека рибите ја оставаат контролата во туѓи раце, таа кај девиците треба да биде во нивни раце.

Претставниците на овој знак градат стабилни врски, бидејќи се многу храбри, решителни и искрени. Кај нив нема лицемерие и лаги.

Јарец – тие се познати по својот бурен темперамент, потребата постојано да се расправаат и по нивниот горд дух. Сепак, јарците можат да му понудат на својот партнер нешто многу вредно – безбедност.

Јарците не ја сакаат многу романтиката и малите гестови. Тие се поддржувачи на брзите и кратки решенија, што ги прави смели и решителни.

Напиши коментар