Дебелите жени имаат поисполнет сексуален живот од слабите жени покажалo истражувањe во Америка. Истражувањето било спроведено на 7 илјади жени.
Истражувањето сакало да ја пронајде поврзаноста помеѓу индексот на телесната маса и сексуалната ориентација.
Некои од прашањата во истражувањето биле, колку сексуални партнери имала жената, кога го доживеала своето прво сексуално искуство и колку често има односи. Овие прашања дале спротивни одговори од очекуваното.
Кога е сексот во прашање истражувањето покажало дека полните жени не се разликуваат многу од слабите. Дури 92% од жените кои имаат вишок килограми имаат редовни сексуални односи, за разлика од 78% од жените со нормална телесна тежина.
Меѓутоа, треба да се земе во предвид дека многу луѓе лажат за својот сексуален живот, па вие сами заклучете дали жените со вишок килограми имаат подобар секс од слабите жени.
