Новиот албум на пејачката Лана Дел Реј е толку мрачен, што речиси не може ни да се слуша. Изведувачката ја заврши работата на својот втор албум “Ултра”, и веднаш побрза да ги предупреди фановите дека не е особено весел.
Последниот албум на Лана можеби е мрачен, но нејзиниот личен живот сосема одговара на оваа дефиниција. Пејачката Лана Дел Реј тајно се омажила за својот пријател Бари-Џејмс О’Нил. Тие се верени уште од летото минатата година. Бари пее и свири на гитара во шкотската група Kassidy. Првите гласини за нивната тајна свадба се појавија во јули 2013, кога двајцата биле снимени во Лос Анџелес, додека барале дом.

