After Midnight

Љубовен стил според хороскопот

Дознајте со колку страст секој од 12 -те хороскопски знаци влегува во емотивни врски и еротски игри,и чиј љубовен стил најмногу ви одговара…

ОВЕН

Секогаш диктираат темпо како во кревет,така и надвор од него. Секогаш знае што му причинува задоволствово љубовниот однос,така што и другите ги возбудува. За нив љубовта и сексот се две различни категории. Ужива во секој дел од неговото и телото од партнерката.

БИК

Многу се вешти и во љубовно и во сексуално заведување,секогаш наоѓаат начин рацете и усните на партнерот да се на вистинско место,многу го возбудуваат долги бакнежи и страсни допири.

БЛИЗНАЦИ

Сака љубовно сексуална авантура или пак да се чувствува така при водењето љубов. Ги возбудува глас, појава, усни и се што поттикнува сексуална фантазија. Има потреба да чуе, види, помириса, лиже и се што спаѓа во сексуално задоволство.

РАК

Сака нежности и долга предигра со многу фантазии кои ги разгоруваат и најжешките страсти. Љубовно сексуалниот врв за нив е начинот за предавање,потребно е да почувствуваат потполна доверба што ќе ги одведе до емотивно врзување. Говорот на очите,нежни и долги бакнежи се нивната слабост. Секој дел на нивното тело е сензуална точка но само под удар на силни емоции бидејќи само чувствата ги водат до страста.

ЛАВ

Директно и на свој начин ги изразува своите чувства, ги возбудува допир,поглед,провокативен изглед и однесување. Сексуалниот апетит им е доста нагласен и се издржливи. Во сексуалниот чин наизменично се мешаат енергичноста и изобилие од нежности. Потентни се и многу лесно може да се запалат нивните страсти,притоа точно ги разграничуваат чувствата од сексуалната желба.

ДЕВИЦА

Многу бараат,секоја ситница им е важна. Сака блискост и доверба,а најважно и е да биде на иста телесна должина со партнерот. Стилот и техниката на водење љубов и се многу важни но се во граница на нормалата,без претерување.

ВАГА

Преферира отмени стилови а односот со партнерот го води директно кон сексуално задоволство. Тежи кон потполна хармонија на духот и телото, чувства и страст и потполно единство со партнерот.

ШКОРПИЈА

Сака различни предизвици кои го подигнуваат нивото на страста и адреналинот. Потполно се предава во љубовта кога ќе почувствува дека партнерот во целост ја освоил. Вешти љубовници се но и многу комплицирани.

СТРЕЛЕЦ

Сакаат слобода во секој поглед. Нивниот стил е оригинален и потполно се препуштаат на љубовниот и сексуалниот занес. Понекогаш делува нескротливо и диво што придонесува за заедничко возбудување. Класично најмалку ги привлекува.

ЈАРЕЦ

Многу се конзервативни, преферираат интимност, сигурност, доверба и со сигурен начин со испробан рецепт доаѓа до она што го сака во сексот.

ВОДОЛИЈА

Сака интелектуална стимулација. За нив сексот претставува спој на емотивно,интелектуално и еротско искуство. Преферираат оригиналност и одредена доза на егзибиционизам.

РИБИ

Делува стимулативно на секој дел од телото. Емотивниот занес кој го чувствува ги ослободува вашите чувства, фантазија и еротичност. Врвот во љубовниот и сексуалниот однос за вас претставува исчекор во друга димензија. Многу нежност, бакнежи и допири делуваат многу стимулативно.

Напиши коментар