After Midnight

Љубовен супер тест

Верувајте, го пробав љубовниот тест и без разлика што сум против и неверувам во вакви работи, треба да бидам искрена и да ви кажам дека има многу вистинити нешта. Би било добро да си го направите заедно со партнерот. Во мојот случај одговорите ни беа различни, како е кај вас?

Прашање 1

Замислете дека одите на гости кај саканиот човек. Едниот пат е директен и веднаш ќе ве одведе таму, но е досаден. Другиот пат е доста подолг но има прекрасни глетки и интересни нешта. Кој пат ќе го изберете вие?

Прашање 2

По патот среќавате две грмушки . Едната со бели рози, а другата со црвени. Решавате да наберете 19 од нив. По колку од секоја боја?

Прашање 3

На крај стигнувате до куќата. Ви отвара човек од семејството. Можете да го замолите да ви помогне или да влезете сами и да отидете до собата на саканата личност. Што избирате?

Прашање 4

Влегувате во собата на саканиот/та но таму нема никој. Каде ќе ги оставите розите? На креветот или до прозорецот?

Прашање 5

Останувате да преспиете во куќата кај саканиот/а но во различни соби. Утрото се будите и одите кон спалната на саканиот/а. Како би сакале да го затекнете, заспан/а или буден/а?

Прашање 6

Веќе е време да се приберете назад. Сега кој пат ќе го изберете? Краткиот или подолгиот?

Одговор 1

Патот го претставува вашето вљубување. Ако сте го избрале директниот пат значи се вљубувате брзо и лесно. Ако сте се одлучиле за подолгиот, значи дека на вас ви е потребно повеќе време за да се вљубите во некого.

Одговор 2

Бројот на црвените рози покажува колку давате во една врска, а бројот на белите – колку очекувате во замена.

Одговор 3

Ова прашање покажува како се справувате со проблемите во врската. Ако сте избрале да одите сами до собата, вие сте директни и ги решавате проблемите сами и веднаш. Ако сте замолиле некој од семејството да ви помогне значи дека сте човек кој ги остава проблемите на страна и се надева дека тие ќе се решат сами по себе.

Одговор 4

Местото каде ги оставивте розите покажува колку често сакате да сте заедно со саканиот човек. Оние што се одлучиле за креветот, сакаат и настојуваат да се постојано со партнерот, а оние што го избрале прозорецот немаат ништо против ако не се гледаат така често. Склони се на отворени врски.

Одговор 5

Ова прашање го покажува вашиот однос кон саканиот. Ако сакате да го/ја видите како спие, значи дека го/ја сакатетаков/а каков/а што е. Ако сте избрале да биде буден/а, значи дека очекувате да се промени поради вас.

Одговор 6

Патот кон дома покажува колку траат најчесто вашите врски. Ако сте го избрале пократкиот пат, вашата љубов и страст не траат долго. Често ви е потребно нешто ново и различно. Ако сте го избрале подолгиот живописен пат, вие сте човек што се стремите кон една вистинска трајна врска.

Write A Comment