Free zone

Луксузни Bentley скии

Наместо автомобил, луксузниот бренд Bentley овој пат ни го привлекува вниманитео со колекција на скии…

Овие скии се направени во соработка со компанијта која потекнува од Швајцарија и се вика Zai. Брендот Zai успеал да ja искомбинира уметноста на создавањето на највисок квалитет со строги естетски стандарди и сензибилитети, кој го поврзува брендот Bentley, односно неговото наследство и традиција на квалитет, ексклузивност и стил, техничкиот и дизајнерски аспект на овие скии. Тие се рачно изработени, од најдобрите, нејексклузивните и најлуксузните материјали, и исто како и Bentley автомобилот, претставуваат врв на луксузот и елеганцијата.

 

Write A Comment