← НАЗАД НА БОЗА

Мадона повторно режисерка

Мадона повторно режисерка
1114 Читања

Мадона повторно ќе режира така што нејзиниот трет филм ќе биде адаптацијата на дебитантскиот роман на американската писателка Ребека Вокер „Ade: A Love Story”. Филмот ќе го продуцира Ребека Вокер, ќерка на славната Алис Вокер којашто ја доби престижната Пулицерова награда за романот „Бојата на пурпурот” од 1982 година, и Бус Коен кој ги продуцираше холивудските хитови „Во добро и во зло” и „Виор на животот”.

Според The Hollywood Reporter, Мадона и продуцентите во моментов се во потрага по сценарист кој би го адаптирал романот за филмска сторија.

Економскиот магазин Forbes ја прогласи за најдобро платена пејачка во 2013 година, со процена од заработени 125 милиони долари од музиката, како и од продажбата на сопствените линии облека и парфеми.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk