← НАЗАД НА БОЗА

Мајкл Џексон со постхумен албум во Мај!

Мајкл Џексон со постхумен албум во Мај!
1143 Читања

За мај е најавена промоција и излегување на постхумниот албум на најголемата поп ѕвезда Мајк Џексон.

Xscape е името на музичкиот носач кој содржи осум нови песни во избор на ЛА Рид, претседател на Epic Records, кој ги преслушувал сите демо снимки што Мајкл Џексон ги направил во неговата четиридецениска кариера.

На песните работеле продуценти како Тимберленд, Старгејт, кој има соработувано со Ријана и Бијонсе, и Родни Џеркинс кој со Џексон во 2001 година го сними албумот Invincible.
„Мајкл зад себе остави неколку музички изведби кои со голема гордост ќе ги претставиме во соработка со продуцентите со кои директно работел или сакал да работи”, рекол Рид, пренесува BBC.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk