Ако сте од луѓето кои мислат дека малите гестови се излишни, отсега ви велиме дека имате сериозен проблем. И кај мажите и кај жените постојат мали, но исклучително важни детали, врз кои се крепи интимната врска. Уште поинтересно е дека се преклопуваат и кај двата пола. Но, пред да ве запознаеме со резултатите од истражувањето на темата, ќе ви покажеме неколку вознемирувачки факти.
17% од жените никогаш не добиле цвеќе од својот долгогодишен партнер.
19% од жените никогаш не биле на романтична средба со својот долгогодишен партнер.
12% од жените не добиваат бакнеж од својот маж кога излегува.
47% од мажите веруваат дека секси долната облека како подарок многу ги радува жените, додека 67% од жените сметаат дека тоа е ужасен подарок.
А еве ги и 7-те ситни гестови, кои се фундаментални и за двајцата партнери.
Да слушнат спонатано “Те сакам”!
Бакнување пред излегување.
Романтична порака.
Подарок без повод.
Романтична порака изненадување.
Фактот дека партнерот ја запаметил омилената храна, пијалок, песна, итн.
Комплимент пред другите луѓе.
