Постојат неколку начини за да ја избегнете таа демотивациска стапица.
- Пуштете ја вашата омилена музика
Планирате сам да истрчате некој круг во паркот? Понесете си и MP3 плеер или вашиот мобилен телефон. Со енергичен ритам полесно ќе заборавите на досадата и заморот. Музиката за опуштање може да ве успори, но не значи дека тоа е лошо.
- Рекреирајте се надвор и уживајте во природата
Доколку сте направиле одличен потег и сте одлучиле за рекреација во шума или на некоја ливада, сте направиле пола работа и веќе сте во голема предност во однос на оние кои се вртат во теретана на велосипед или вежбаат во мрачен простор.
Наместо да размислувате за тоа колку ви е тешко и напорно, обрнете внимание на убавината која ве опкружува.
- Бидете си ментор
Употребете ги кардио вежбите како оружје во борбата против стресот, грижите и фрустрацијата. Ве уверуваме дека занимавањето со спорт е многу поефикасен метод за решавање на стресот и нервозата, отколку било кои лекарства или терапии.
- Сами одредете го темпото
Идеален интензитет и траење на тренингот се индивидуални и сами морате да откриете што и во која мера ви одговара, но грубо кажано, тоа може да се подели во три степени.
Пронајдете го темпото кое ви одговара и држете се за него. Работата на мускулите следете ја со отчукувањата на срцето и ритамот на дишењето, а не обратно. Не го терајте срцето кое можеби не е спремно за поголеми напори, да се обидува да го изведе невозможното.
- Наградете се
Размислувањето за наградата која ве очекува може да служи како мотив повеќе. На вас останува да одберете дали тоа ќе биде еден “лош ден” со брза храна и газирани пијалоци без никакви грижи, излегување на пиво или слично. Што и да изберете, ќе уживате, затоа што самите знаете колку напор сте вложиле претходно.
