← НАЗАД НА БОЗА

Мажи ако сакате секс не го правете ова!

Мажи ако сакате секс не го правете ова!
608 Читања

Лоша музика

Музиката е важен дел од заведувањето во спалната соба. Кога ќе го намалите светлото и пуштите музика која ве расположува одберете го она што ќе ја направи да се чуствува сензуално вашата партнерка. Музиката може да биде знак како вечерта ќе заврши.

Исклучете го телефонот

Дали некогаш сте одговориле на повик на пола пат за време на секс и со тоа можете да се пожалите? Исклучете го телефонот додека имате интимни односи со вашата дама. Прекинувањето го уништува вашето сексуално темпо дури и кога нема да се јавите, а уште доколку мајката ве бара, додека го завршите разговорот ќе приметите дека сте останати сами во соба.

Алкохолно бакнување

Не е битно колку сте згодни, ако не знаете да се бакнувате, паѓате на испит уште во самиот старт. Кога ќе ја бакнете за прв пат не заборавајте да го контролирате својот јазик. Немојте непотребно да ги лижете нејзините заби, брада, образ, чело, или да пробувате да ја испитувате длабочината на нејзиното грло. Тоа е голем минус кај жената.

Досаден разговор

Сите жени сакаат комплименти, но дури и премногу добрите фрази можат да го уништат расположението. Форсираните шеги се јасен знак дека разговорот е лажен и присилен и дека ќе заврши многу брзо. Бидете природни, и ако навистина работите стануваат страствени, не поставувајте непотребни прашања од типот- Дали ти се допаѓа како се бакнувам?

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk