← НАЗАД НА БОЗА

Мажи внимавајте со пушењето

Мажи внимавајте со пушењето
392 Читања

Истражувањето покажува дека намалувањето на менталната способност може да се појави од 45-тата година во облик на пореметување и слично. “Ова истражување покажува дека пушењето има штетно влијание на когнитивното стареење и може да се појави во 45-тата година”- вели Сабиа која ги објавила резултатите во списанието Archives.

“Кај 50 годишните пушачи е потврден истиот когнитивен пад како кај 60 годишен пушач” – објаснува Северина Сабиа од лондонскиот Универзитет која го водела истражувањето. Таа додава дека подобри резултати имаат мажите кои престанале да пушат со текот на годините. Британските научници утврдиле дека од друга страна, овие резултати не се еднакви кај жените пушачи, односно кај жените нема намалувањето на менталните способности.

Oва е уште еден доказ за штетното влијание на пушењето со долгорочна оштетеност – навика која Светската здравствена организација ја нарекува една од најголемите закани со кои светот некогаш се соочил. Пушењето предизвикува рак и други хронични болести на респираторниот состав, а претставува и голем ризик за развивање на кардиоваскуларни болести. Нејзиниот тим ги проучувал податоците низ 25 години на повеќе од 5.000 мажи и повеќе од 2.000 жени кои ги прателе од средината на животот до нивната старост. Во текот на периодот на истражувањето, повеќе пати се тестирани нивните способности.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk