After Midnight

Мажите не сакаат обврски, зошто?

Често се случува мажот да ве избегнува и да се чувствува загушен.

Постојат некои генерални правила што доколку се обидете да ги разберете, може да го препознаете својот парнетр:

  • Довербата. Ако мислите дека само ние жените имаме проблеми со довербата – грешите. Мажите многу често се плашат дека ќе бидат изневерени од својата партнерка, ако се во сериозна врска. Тоа особено важи доколку имате врска од растојание.
  • Лошо искуство. Ако тој бил многу повреден од неговата претходна љубов, ќе се плаши да не му се повтори тоа. Нормално е тој да се плаши да изгради сериозна врска пребрзо. Потребно ќе му е време да добие повторно доверба во љубовните врски.
  • Недораснатост. Сите луѓе созреваат со различна брзина. Некои луѓе стануваат посериозни и сакаат да се обврзат дури кон крајот на своите триесетти години. Тие живеат со помислата дека треба да го „изживеат“ животот до максимум, пред да се обврзат сериозно.
  • Емоционалниот притисок. Голем дел од жените, сакаат да се обврзат што побрзо. Постојаниот притисок кој некои жени го прават врз мажите, за побрзо стапување во брак, има спротивен ефект. Мажите сакаат контролата да е во нивните раце и нивните одлуки да не се пребрзани.
  • Загуба на слободата. Кога ќе се обврзете со некого, губите дел од вашата слобода. Веќе не треба да мислите само и единствено за себе си. Мажите ги преплашува таа помисла. Тие сакаат да донесуваат свои одлуки и да го живеат животот по свои правила.
  • Моногамија. Денес на мажите им е тешко да одржуваат моногамна врска. Тие се плашат дури и од самата помисла дека ќе бидат само со една жена до крајот на животот, а кога ќе го искусат тоа се чувствуваат заробени.

Напиши коментар