After Midnight

Мажите сакаат глупава љубовница и штедлива сопруга

Според една студија на австралиски научници, господата сакаат глупава љубовница и штедлива сопруга.

Во истражувањето учествувале над 500 мажи кои признале дека кога станува збор само за секс, сакаат да го добијат од не толку паметни жени.

Психолозите го  објаснуваат таквото однесување со фактот дека повеќето потомци на Адам добиваат храброст од своето физичко и интелектуална надмоќ над жената. Доколку во пресрет им дојде достојан соперничка, која бара само телесно задоволување, господата ја губат својата самодоверба и дури се чувствуваат искористени.

Сосема различно пак стојат работите, кога мажите бараат сериозна врска. Тогаш тие ги изоструваат своите сетила, за да откријат штедлива, интелигентна и паметна дама која ќе биде нивен придружник во животот. Не на последно место, таа мора да биде убава.

Дури и да ја откријат соодветната сопруга сепак, мажите одбиваат да ветат дека нема повеќе да трчаат по лесни девојки. Така што, на крајот лесен плен си е лесен плен!

Write A Comment