After Midnight

Мажите се како мачките – ако трчаш по неа таа бега!

Мажите се како мачките, ако трчаш по нив, тие ќе бегаат. Стојте си мирно и игноријате ги… и сосема скоро ќе ви паднат на колена!

И ако се принудени да гледаат дирекно во светлината тие ќе го тргнат погледот за да не чувствуваат болка и да гледаат на работите појасно, отколку што гледаат во моментот кога им покажувате вие!

Мажите не сакаат да бидат следени или контролирани. Ако сакаме да ни обрнат внимание треба да престанеме да трчаме по нив. Колку повеќе трчате по некој маж, зошто сакате нешто што не може да ви го даде во мометот, толку повеќе тој ќе се крие. Прифатете го ова и оставете го на мира.

Оставете им личен простор. Особено кога ќе се врати од работа или има проблем кој тој треба сам да го реши. Не е ништо лично ако ве избегнува во таков момент. И меѓу другото не е потребно постојано да го прашувате „Ме сакаш ли?“ мажите го мразат тоа.

Темата е едноставна а советот е ваков:

Дами, дајте им на своите мажи, дечковци или мувачи малку слободно време и простор! Тие сами ќе се вратат! Многу побрзо одошто мислите. А во меѓувреме правете се како да не го забележувате. Тоа е начинот ако сакате да ви обрнат внимание, од кое имате потреба и тоа сосема наскоро, верувајте!

Write A Comment