Free zone

Мажот секогаш попушта на женската солза!

Во емотивните и љубовни врска, не постои нешто помоќно од женската солза. Кога жената почнува да плаче тоа значи дека се случува нешто крајно сериозно.

За нас тоа значи дека нема да сме во можност во следните 24 часа да разговарате нормално со партнерката, а за секс пак не станува ни збор, под знак прашалник е и храната, забавата и сите други животни задоволства.

Ние мажите се сложуваме на било што само жената да прекине да плаче. Најстрашно е кога жената хистеричи на јавно место, во такви моменти во состојба сме да ја однесеме пред матичар, да ѝ ја дадеме својата кола, сè само за да прекине да цимоли.

Солзите имаат позитивно дејство на односите меѓу партнерите. Тие се сигнал дека нешто не е во ред, но многупати знаат да бидат и злоупотребени од страна на понежниот пол.

Напиши коментар