Толку многу е пишувано и коментирано за тоа каква е вистинската жена. За некои таа е силна и ја сака слободата, за други нежна и грижлива, за трети таа едноставно не постои. Но вистината е дека секоја жена е толку вистинска колку што е вистинска секоја една честичка од оваа вселена. Затоа што…
Всушност вистинската жена е едно мало дете…
Таа знае да биде детинеста понекогаш. Сака мажот да ја опсипува со најнежни зборови и гестови, такви какви што би упатил кон сопственото дете. Затоа мажот треба да ја допира нежно и внимателно и да внимава да не ја повреди. Но и покрај детското во неа, сите жени сакаат да им биде посветено внимание и да бидат ислушани кога ќе треба. Затоа дозволи и на жената да се однесува како дете, но никогаш не ја третирај како дете…
Всушност вистинската жена е неверојатно силна…
Понекогаш дури и многу посилна од мажот. Но таа не ја покажува својата сила секогаш. Таа сака да ја чувствува стабилноста на мажот до себе. Тоа и носи спокој и самодоверба. Понекогаш она што може да го направи и сама го остава и очекува да го направи мажот. Тоа ја прави да се чувствува уште повеќе жена! Истовремено со тоа проверува каква е силата и посветеноста на мажот до неа. Но ако жената е решена да ја покаже својата сила, тогаш ништо не е во состојба ја ја спречи за да се откаже. И ако таа наумила да направи нешто, знај дека дефинитивно ќе го направи планираното…
Всушност вистинската жена е сакана…
Секогаш ја носи љубовта во себе. Тешко се разделува со саканите луѓе, тешко е да засака, но ако се случи – таа љуби вистински! За да се вљуби една жена на овој начин, треба свеста да го прифати она што срцето веќе го прифатило. Но таа никогаш не може да биде принудена да засака некого. Затоа, дури и ако лесно го спечалиш нејзиното срце, ако не успееш да извојуваш место и во нејзините мисли, во секој еден момент може да те остави. Се разбира има и жени кои не заминуваат и покрај тоа што не го сакаат мажот до себе. Причината за тоа е нивното силно сочувство кое тие често не успеваат да го надминат…
Всушност вистинската жена е сама…
Никогаш не можеш да освоиш една жена и таа да биде твоја целосно. Таа има еден посебен, нејзин свет во кој секогаш е сама. Таа не дозволува никој да влезе во него и не постои кључ што би можел да ги отвори вратите на тој свет. Самотијата е нејзиното пристаниште. И секоја од нас сама решава кога ќе се засолни во него и колку време ќе остане таму. Ако се обидуваш со сила да ја извлечеш, додека таа се крие во својот свет, ризикуваш да ја изгубиш засекогаш…
Всушност вистинската жена е умна…
Еден маж не може дури ни да си претпостави на што се е способна една жена. Нејзината имагинација и возможности немаат граници. Но за да го покаже сето тоа треба да го открие мажот на нејзиниот живот. Таа не ги троши залудно овие свои способности, ги чува единствено и само за својот избраник. И ако ти си успеал да бидеш вистински маж за вистинската жена, значи дека си голем среќник. Зошто од тој ден па понатака твојот живот нема да биде банален…
Всушност вистинската жена е живот…
Зошто се на овој свет добива смисла само ако жената присуствува во него!
Затоа што:
Водата што ја пиеш од раката на една жена и водата што ти сам ќе си ја налиеш никогаш нема ист вкус. Ти можеш ли да ја почувствуваш разликата?
