Free zone

На аукција во Хавана скоро 800.000 долари за кутии за пури

Љубителите на пури платиле повеќе од 798.000 евра за шест рачно изработени кутии за кубански цигари, на гала затворањето на 16-годишниот фестивал на цигари во Хавана.

Најбарана била рачно изработената кутија, наполнета со Монтекристо цигари, која чинела 170.000 евра.

Пејачот Том Џонс биле едн од познатите кои биле поваикани на оваа аукција. На присутните им отпеал три песни, вклучувајќи ја и песната од неговиот прв сингл од 1956, “It’s Not Unusual”.

Том рекол дека кубанските цигари ги пуши од 1960-тите, но никогш претходно не ја посетил Куба.

Целокупниот приход од аукцијата е наменет за државниот кубански здравствен фонд.

Напиши коментар