Иако врската не би требало да претставува извор на нервоза, честите грешки направени од страна на двајцата партнери лесно стануваат извор на стрес. Ви откриваме што не би требало да правите во врската за да го избегнете стресот.
Константна грижа
Честопати повеќе се грижиме за некои детали така што забораваме да уживаме. Додека вашиот сакан живее ден за ден, вие веројатно правите планови за неколку недели, па дури и месеци однапред. Споделете ја грижата со него бидејќи тоа сигурно ќе ви помогне да се ослободите од стресот.
Детали
Жените повеќе внимание обрнуваат на детали отколку мажите. Ако сакате да ги знаете сите детали и секогаш сè до најмал детал да биде совршено, тогаш веројатно никогаш нема да бидете задоволни и тоа ќе ви претставува извор на стрес.
Играње игри
Жените често се несвесни за игрите кои ги играат со своите партнери, а кои лесно може да им се вратат. Затоа, не трудете се да го терате често да ве прашува нешто, туку прашуваје го вие него. Не чекајте да се сети на нешто, а да му приговарате кога ќе се сети, туку едноставно кажете му.
Критикување
Повеќето луѓе тврдат дека сакаат критики бидејќи тоа ги мотивира да напредуваат. Но, вистината е дека критиките може да бидат извор на стрес, особено ако се однесуваат на физичкиот изглед.
Претерани реакции
Веројатно ви се случило гласно да одрекувате нешто што и вашето момче ви го кажало и пред да заврши со објаснувањето. Спречете ја нервозата така што прво внимателно ќе слушнете што вели вашето момче. Можеби и нема причина да реагирате бурно, но тоа нема да го знаете ако не му дозволите да заврши со објаснувањето.
