After Midnight

Најдобра одлука: Нова година – подобар секс!

Веројатно веќе сте одлучиле повеќе да тренирате, да престанете да јадете брза храна, но оваа одлука е малку поразлична. Погледнете ги нашите совети за подобар секс оваа година.

  • Сакајте го своето тело

За време на сексот не размислувајте за недостатоците.

Многу е потешко да имате добар секс ако постојано мислите на салото на стомако, ширината на колковите и дебелината на бутовите. Оваа година, одлучете да го засакате вашето тело.

Знаеме дека не е лесно, но веднаш штом ќе станете посигурни во себе и ќе го засакате своето тело, тоа ќе се одрази на вашата сексуалност. Довербата е клучносто прашање кога станува збор за целосно да уживате во сексот.

Затоа, секој пат кога ќе почувствувате како ве опседнуваат негативни мисли  за изгледот, во истиот момент претворете ги во позитивни. Колку повеќе се трудите околу ова, толку подобро ќе се чувствувате.

  • Барајте го она што го сакате

Не е секогаш лесно да го побарате она што го сакате во сексот, особено ако сте срамежливи и не умеете отворено да кажете што ви се допаѓа или не, затоа ова е година кога би требало тоа да го промените.

Ако научите отворено да му кажете на вашиот партнер што сакате, вашето искуство значително ќе се подобри.

Нема потреба да наредувате или да направите тој да се чувствува лошо, бидејќи прави нешто погрешно, но секако ќе биде благодарен ако го насочите во тоа што ви одговара и што тој може да направи по тоа прашање.

Оваа година, направете се за да го добиете она што го сакате во креветот!

  • Бидете смели

Ако чувствувате потреба да го зачините својот љубовен живот, ова е година кога би требало да бидете смели во спалната соба. Поченете полека (да речеме секс под упалено светло, во друга просторија или друг период од денот) и полека напредувајте на својот пат кон безобразен секс.

Не морате премногу да излегувате од линијата на она што ви се допаѓа, но со пробување на нови работи, многу ќе постигнете во подобрување на сексуалниот живот. Почнете веднаш, да речеме потикнете ги вашите страсти и додадете нешто ново во секој нов месец (или почесто). Вие и вашиот партнер сигурно ќе почувствувате подобрување во сексуалниот живот и секако ќе имате посреќна Нова година!

Write A Comment