Истражувајќи ги улиците на Ронсе во Белгија, може да наидете на многу интересни графити во едно напуштено училиште, зграда за која никој не би помислил дека во неговата внатрешност постои вистинско мало “богатство”.
Скриените графити ги прекриваат внатрешните ѕидови на зградата, а доминираат ликовите од Бетмен: Темниот витез, Цокер, Отровната Ајви и многу други ликови од разни анимирани филмови.
Училиштето е напуштено пред околу една деценија, што е сосема доволно време уметниците да ги обојат ѕидовите.
Над влезот во зградата стои натпис: “Постои убавина во уништувањето”.
Графитите со Бетмен се дело на човекот под псевдоним “Петеоне”.
Белгискиот уличен уметник зад себе оставил импресивна колекција на мурали во неговиот роден град, а негова муза е непријателот на Бетмен, Џокер, чие лице краси повеќе ѕидови во училиштето.
Сепак, тој не е љубител само на Бетмен. Петеоне има насликано многу мурали и дела со слични мотиви низ цела Белгија.