Free zone

Навреме победете ги брчките на лицето!

Постои една поговорка за мажите која вели дека тие се како виното, колку повеќе стареат толку се подобри. Но, тоа не треба буквално да го сфатите. Сепак негата и грижата за изгледот треба да ви бидат во прв план. Наместо да крадете креми, лосиони од вашите мајки, сестри, девојки, одлучете се вие самите да си купите препарати за нега кои се маненети за мажи.

Спречувањето на појава на брчки е речиси невозможно со секојдневниот стресен живот. Но, затоа пак може да си помогнете со кремите кои се наменети за брчки околу очите и лицето. Кофеин, колаген, витамин Ц, ретинол се само дел од состојките кои и се потребни на вашата кожа. Тие и даваат влажност и еластичност, штое многу важно за да не се појават брчките.

Напиши коментар