Тоа што не сте во врска не мора да значи дека со вас нешто не е во ред. Постојат многу девојки кои се сами и уживаат во тоа. Како и вие да бидете среќни без оглед на тоа што сте сами, прочитајте во продолжение на статијата.
Ако сте сами никој нема да ве осудува. Подобро е да бидете сами отколку во врска со некој што не ви одговара и со кој немате иднина.
Бидете среќни доколку во животот веќе сте имале љубов која била прекрасна и немојте да очајувате што сега ја нема, чекајте да се појави оној вистинскиот, и немојте да прифаќате ништо помалку од совршен маж.
Бидете една од оние соло девојки кои уживаат во животот. Забавувајте се, заработувајте сами и не зависете од никого. Патувајте и дружете се со пријателите.
