Free zone

Не го допирајте заборавеното USB! Во прашање е измама!

Измамниците кои на сите начини се обидуваат да ги украдат вашите лозинки и на тој начин да пристапат до личните податоци, но и банкарски сметки смислија нова тактика.

Се што е потребно да направите е да влезете во некое кафуле каде што има бесплатен интернет за сите гости. На некоја од масите ќе забележите заборавено USB и од чиста љубопитност ќе го ставите во вашиот компјутер или таблет да проверите што се има во него.

Грешка! Токму на човечката љубопитност сметаат хакерите кои ви ја поставиле таа стапица. На USB-то се наоѓа вирус со помош на кој тие ќе дојдат до вашите лозинки за е-mail, социјални мрежи, но и банкарски сметки, преку кои можеби плаќате сметки.

Заклучок: Не го допирајте заборавеното USB!

Напиши коментар