Многу жени имаат проблем да доживеат оргазам за време на сексуалниот однос. Доколку и вие го имате истиот проблем, треба да знаете дека тоа не е нешто за што треба да се грижите. Сепак, факт е дека пвеќето жени токму поради овој проблем чувствуваат вознемиреност, фрустрација и недостаток на доверба.
Женското тело е многу покомплицарано отколку машкото, па дури и на сите мажи во сексот не им одговараат истите работи. На различни жени ќе им бидат потребни поинакви контакти, движења и темпо на сексот за да постигнат оргазам. Освен тоа, докажано е дека жените, за разлика од мажите можат да доживеат оргазам благодарение на физичката стимулација, мораат да бидат во соодветна емоционална состојба за го доживеат врвот.
А постои можност и да сте доживеале оргазам, но можеби не сте го препознале. Вагиналниот оргазам или оргазмот со стимулирање на Г- точката е сосема поинаков од клиторичниот оргазам, а доколку пенетрацијата не била со идеален интензитет и под совршен агол, можеби и самиот оргазам бил со помал интензитет.
Заборавете го тоа што Саманта Фокс се фалеше како може да доживее оргазам апсолутно секогаш и во секоја поза и истражете го она што вам ви одговара. Обидете се со различни пози и сигурно ќе ја пронајдете онаа која совршено ќе ви одговара.
