Free zone

Неверојатно: Градник кој сам се откопчува кога ќе доживеете “вистинска љубов”

Јапонскиот бренд за долна облека создаде градник кој може да биде откопчан само кога оној што го носи доживува “вистинска љубов”.

Технолошки долната облека е во комплет со пулсомер кој е синхронизиран со апликација за мобилен телефон, кој автоматски го “отклучува” градникот, кога пулсот ќе го достигне нивото на “вистинска љубов”.

Компанијата Ravijour тврди, дека не треба да се грижите дека градникот ќе се отвори додека вежбате, бидејќи апликацијата препознава кога зголемувањето на срцевата фреквенција е предизвикана од физички вежби и кога од љубовна возбуда.

Срцевиот монитор, кој е вграден во овој градник, реагира на секое зголемување на фреквенцијата на пулсот и праќа сигнал на мобилната апликација преку Bluetooth. Потоа апликацијата ги следи промените во текот на неколку минути, за да дознае што точно го предизвикало забрзувањето. Кога пулсот ќе го достигне нивото на “вистинска љубов”, градникот буквално се распрскува.

https://www.youtube.com/watch?v=rzd9QBtdZ1Q

1 Comment

Write A Comment