After Midnight

Нaјубавото чувство на светот: Знаци дека почнувате да се заљубувате

Ако сте на самиот почеток на љубовта, постојат јасни знаци дека почнувате да “паѓате “ еден на друг.

Во случај на љубопитност, продолжете да читате

Се помалку спиеш

Кога ќе погледенш назад, многу веројатно дека секогаш си планирала кога да одиш на спиење, со цел следниот ден да можеш да функционираш. Откако е тој тука, забораваш на умор и повќе не ти претставува проблем да останеш будна до доцна. Жртвување на сонот е еден од јасните знаци дека почанл да ти се допаѓа.

Цел ден размислуваш за него

Секое пиење на кафе или излегување со пријателките се сведува на тоа  да размислуваш за него – за тоа што во моментот прави или за тоа дека едвај чекаш да му се јавиш и да му кажеш каде сте биле и што сте правеле. На твоите пријателки тоа нема многу да им се допадне, но ти нема да можеш да си помогнеш, тоа е посилно од тебе. Кога некој ти се допаѓа, тој ти е во главата и тогаш кога не сакаш.

Ти недостасува

Сте се виделе пред еден час, а сега веќе сте размениле неколку пораки. Исто така кога ќе почнете да го мразите времето кога не сте заедно, тоа е тоа.

Песните

Кога песната што свири на радио веќе не е само песна, туку нешто што ја опишува вашата моментална состојба со него, знајте дека сте на добар пат до најубавото чувство на светот.

Неговите “нешта”

Фудбал? Ма каков фудбал – се додека не го запозна него. Сега се гледаат натпревари од неговиот омилен клуб, додека тој знае да ги наброи сите од семејството Кардашијан, а тие се скоро колку и играчите во еден натпревар. Кога доброволно ќе почнете да правите нешто за што сте тврделе дека нема да го правите, сте падале како крушка.

Тешки моменти

Кога животот станува потежок од вообичаеното, најпрво помислуваме на оние луѓе кои может барем малку да ни олеснат. Ако е тој еден од нив, очигледно дека тоа нешто значи.

Напиши коментар