← НАЗАД НА БОЗА

Номиниран за Оскар, а нема денар во џеб!

Номиниран за Оскар, а нема денар во џеб!
636 Читања

Иако е ѕвезда на успешен филм, тој сепак има сериозни финансиски проблеми. Абди Баркад (28) пред две години за својата улога доби само 65.000 долари, пишува The New Yorker. Во меѓувреме филмот заработи над 200 милиони долари, а Абди позајмува облека за доделувањата на наградите на кои е номиниран.

Пред да добие филмска улога, тој работел како возач на лимузина. Во текот на сезоната на доделување награди, студиото „Columbia Pictures” му плаќало соба во хотелот „Beverly Hilton” и му позајмувало одела за прес конференциите и црвените килими на БАФТА и Оскарите. Сега, преживува од џепарлакот што му го давало студиото. Aбди сега планира да се пресели во Лос Анџелес и да дели кирија со Фајсал Ахмед, колега од филмот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk