After Midnight

Обликот на усните открива дали ќе доживеете оргазам

Ако може да му се верува на тврдењето на професорот по психологија, Стјуарт Броди, погледот на женските усни може да Ви ја открие нејзината способност за доживување на оргазам.

Во својот најнов труд, Броди истакнува дека жените кои имаат изразена вдлабнатина над горната усна многу полесно и поинтензивно го доживуваат оргазмот.

Тој до ваквиот заклучок дошол со помош на интернет истражување во кое учествувале повеќе од 258 жени на просечна возраст од 27 години. Забележал дека жените со изразена вдлабнатина над горната усна почесто доживувале оргазам и тоа посебно вагинален оргазам. Броди поради тоа смета дека постои поврзаност помеѓу обликот на усните и сексуалното реагирање.

Скептиците сметаат дека станува збор за брзо и површно истражување, но Броди е веќе познат по таквите брзи откритија кои подоцна биле потврдени од страна на сериозни истражувања. Дали тоа ќе биде случај и овој пат, останува да видиме.

Нас нè интересира како го спровел истражувањето и како можеме кај нас да направиме слично такво истражување. И Вас Ве интересира… нели?

Write A Comment