Ве предизвикуваме да ги проучите прстите на вашиот сакан сакан, откако ќе го прочитате овој текст! Момците со показалецот пократок од оној на кој се носи бурмата, имаат тенденција…многу подобро да го користат “алатот” помеѓу нозе, за разлика од оние чиј показалец е малку подолг, вели новата студија на списанието Asian Journal Andrology.
Како дошле до овие информации?
Тоа сигурно ве интересира, зарем не? Па многу внимателно, додека пациентите доаѓале во една корејска болница заради уролошки операции, научниците додека тие биле под седативи, им го мереле пенисот! Секако, само на оние пациенти кои се согласиле.
За што станува збор?
Мажте се изложени на тестостерон додека се уште во облик на фетус, а тој слично влијае и на нивните прсти и на идната гордост, барем така објаснуваат научниците. Раното излагање на тестостерон освен што се огледа во големината на прстите и на уште некои места, влијае на нив на многу други – добри и лоши начини. Момците со пократок показалец имаат поголеми шанси да заболат од рак на простатата, на пример, но исто така имаат тенденција да бидат подобри во спортот, финансиите, трговијата, а имаат и поголем број на сперматозоиди.