After Midnight

Однесувањето на мажите, кое жените не можат да го проголтаат

Поминаа времињата во кои жената треба да биде тивка, скромна и смирена, за да ја “побара некој за жена”. Денес понежниот пол е тој кој избира. Критериумите се високи, компромисите се потешки, а има постапки кои дамите нема како да ги проголтаат. Затоа, драги господа, читајте и учете се како НЕ треба да се однесувате со жената до себе. Еве го и однесувањето, што ќе ја натера да ве остави.

Занемарување. Најопасното однесување од страна на мажот. Жената очекува од првиот ден на вашата врска секогаш да бидат на прво место. Кога тоа систематски не е така, тие се многу повеќе склони кон друг маж, кој ги удостојува со внимание и компименти. Едноставно емоционално жените се поствени вака – судат за чувствата по одвоеното време, како и каде во скалата на приоритетите ви се наоѓаат.

Се е само секс. Без разлика дали е прва или сто и прва средба, жената се згрозува, ако се почувствува само како алатка за задоволство. Не случајно најголемите фраери не се арогантни типови, кои парадираат со пари и мускули, туку оние кои занаат само со поглед или два збора да ја опсипат со обожавање…

И другите жени имаат потреба од внимание. Нема такви филмови, момци! Голем дел од дамите немаат ништо против колешките и пријателките, но не и ако претерувате со времето кое го одвојувате за нив.

Нејзина работа е да ги чува децата. Навистина? А на вас ви се падна само пријатниот дел, така? Ниту една жена не сака и нема да проголта да биде прифатена од нејзиниот сопруг како мултифункционален домаќински робот со екстра на дадила. Ниту една жена нема да се помири за долго со ситуацијата: таа со сите сили се грижи за децата, вие пиете пиво со пријателите. Заборавете на овој балкански синдром, бидејќи тој категорично ги осудува односите на неуспех.

 

Write A Comment