After Midnight

Откако ќе ја пронајдете вистинската, како да ја освоите!

Освојувањето жени е нешто што е во крвта на мажите. Трагаат се додека не ја најдат вистинската. Односно се додека не ја најдат онаа која ќе ги задоволи неговите физички стандарди.

Е кога ќе се случи тоа треба да знаеме некои основни работи за да го освоите тоа женско срце.

Во животот најмногу учиме од своите грешки, а слична работа треба да се случува и кога заведуваме некоја девојка, па дури и ако не сте биле одбиени заради ваша грешка. Секое одбивање сфаќајте го како едно ново искуство и немојте трагично да го доживувате. Одбивањето е најнормална работа низ која сите сме поминале барем еднаш. Во ред, овој пат не успеавте, но утре е нов ден, нова прилика со новостекнатото искуство да освоите некоја девојка која ви се допаѓа.

Со пракса до совршенство. Секако дека педесеттото заведување нема да биде еднакво на првото. Со секое приоѓање на девојка, ќе бидете подобри, повеќе опуштени и со повеќе самодоверба. Присетете се на грешката која што сте ја направиле претходниот пат, припремете се и бидете спремни за следниот пат кога ќе ви се појави прилика и не правете ја истата грешка по втор пат. Ако одете по тој пат и ги исправате своите грешки, успехот е неизбежен.

Поставете си ги работите во главите размислувајќи за тоа дека девојките се поласкани пога ќе им пријде маж. Жените сакаат внимание, сакаат да се чувствуваат посакувани, а ако им покажете дека ви се интересни и привлечни, тоа ќе ги направи среќни и ќе влијае на нивното его. Ако се во свое најдобро издание и ја набљудуваат околината, соберете храброст и тргнете во напад. Од причината што вашето внимание на повеќето ќе им годи, нема да бидат груби дури и ако од некоја причина не сакаат да разговараат со вас.

Напиши коментар