Научниците спровеле истражување во кое учествувале 57 oженети мажи. Кај половина од нив со помош на спреј во носот им бил внесен окситоцин, а другата група добила плацебо. Потоа пред нив излегле прилично згодни жени кои им се приближувале. Мажите морале да речат стоп кога сметале дека жената премногу се приближила.

Многу истражувања во последно време се посветени на неверството, а најновите се обиделе да откријат дали може да се делува превентивно и дали неверството може да се спречи. Научниците велат дека може, а eве како жените треба да не спречат.

Оженетите мажи на кои во организмот им бил внесен окситоцин, многу порано ги запреле згодните жени од останатите мажи. Нивното “пристојно растојание” беше поголемо отколку кај мажите кои добиле плацебо. Научниците со ова заклучуваат дека окситоцинот може да биде лек за неверство.

А што треба да прават жените? Жените би требало почесто да ја одржуваат физичката блискост со своите мажи бидејќи на тој начин засилено се лачи окситоцин – хормонот кој докажано спречува неверство. Колку повеќе окситоцин, толку партнерот е поверен.

Напиши коментар