After Midnight

Откријте дали е слободна?

За да откриете дали девојката која ви се допаѓа е слободна, потребна е малку детективска работа, бидејќи некогаш не можете да знаете само во текот на еден разговор. Запомнете, не постои само еден знак кој ви кажува дали е слободна или не – ќе мора да забележите повеќе за да ја откриете вистината.

Ги набљудува луѓето околу себе – Освен ако не е тоа нејзина навика, доколку забележите дека со очите “ја снима” целата просторија, треба да ѝ пријдете. Жените кои се зафатени, обично не го набљудуваат цел клуб (освен кога бараат познат), бидејќи не излегуваат со намера да запознаат нов маж.

Воспоставува контакт со очите и ви се смешка – Контактот со очите обично е еден од првите знаци дека е заинтересирана. Ако сте успеале да го воспоставите, тоа може да значи дека е отворена за разговор и запознавање на нови луѓе.

Говорот на телото кажува сè – Ако сте запознаени со барем неколку основи на заведување, тогаш сигурно знаете дека говорот на телото може да каже многу за вас. Ако е зафатена нема да игра со косата и да ги предизвикува мажите. Затоа обидете се да забележите следните знаци: прекрстени раце обично значат дека не е заинтересирана, случајно допирање за време на разговорот значи дека е заинтересирана.

Отворена е за разговор – Ако започнете разговор, а таа ви кажува дека има куче кое се вика Фидо, дека сака да готви, дека оди во теретана секој ден, дека сака да фотографира, тогаш големи се шансите таа да е слободна, бидејќи тука можат да се забележат два знаци: дека има многу слободно време и дека е отворена и пријателски расположена.

Често излегува со пријателките – И зафатените жени излегуваат со пријателките, но мораат да пронајдат време и за својот партнер. Ако ја видете неа повеќе пати во клуб со пријателките, за време на краток период, големи се шансите да е слободна.

Write A Comment