After Midnight

Ова навистина ги “пали” момците!

Светска техника за флертување број еден! Случајни или помалку случајни допири и гестови кои секогаш “палат”. Проверено!

Фатете плен и брзо погледнете го три пати во очи. Да повториме – акцентот е на брзо. За се друго не гарантираме дека типот нема да помисли дека има работа со некоја комплетно луда личност.

Смислете некоја добра причина зошто морате да поминете покрај својата мета (кратко патување во тоалет, уште еден пијалок) и кога ќе дојдете до него, воспоставете контакт со очите.

Додека одите кон него, погледнете го во очи, и во моментот кога ќе поминете покрај него, насмевнете се и храбро продолжете.

Write A Comment