After Midnight

Ова се грешките на жените во врските!

Се случува жените да погрешкат кога се работи за љубовта, а ова се најчестите причини поради кои жените влегуваат во нова врска или решаваат да останат во врска, иако искрено не сакаат:

  • Притисок од пријателите: „Сите мои пријатели се во врска“. Кога сите во вашето друштво се во врска, притисокот и вие да го изгубите статусот сингл е огромен и тешко кој може да го издржи. Вашите пријатели често излегуваат на интимни романтични средби и вие останувате дома сами за време на викенд, а кога излегувате заедно, сите се во пар, само вие сами. Во ваков случај, жените често влегуваат во врска со првиот кандидат само за да се вклопат во средината.
  • Притисок од возраста:„Време ми е за мажење“. Околу вас царува брачна епидемија. Сите ваши врсници или се свршуваат или стапуваат во брак и во секој момент сите очекуваат и вие да објавите некоја радосна вест. Иако времињата се менуваат и денес луѓето го одложуваат стапувањето во брак, кога ќе се доближите до 30-тата година од животот или кога ќе ја пречекорите, притисокот да си најдете маж или да стапите во брак е огромен. Неретко слушаме за девојки кои се омажиле еден месец по влегувањето во врска. Жените во доцните дваесетти години чувствуваат дека часовникот отчукува, па брзаат да влезат во врска или ако се во врска, се обидуваат да ја зачуваат.
  • Притисок од семејството:„Моите го обожаваат него, не можам да му раскинам“. На вашето семејство толку многу му се допаѓа вашиот партнер, што никогаш не го вадат од уста. Вашите баба и дедо веќе ве омажиле во нивните глави. Кога знаат дека сте потскарани, прават сè за да ве убедат да му се смирите и постојано ве потсетуваат дека „нема друг како него“. Во една таква ситуација, тешко би пронашле сила да му раскинете на својот партнер.
  • Страв од осаменост:„Што би правела сама? Не сакам да сум осамена“. Ваквиот страв обично се раѓа во долга врска. Можно е да размислувате: „Толку долго време сме во врска, имаме исто друштво, излегуваме на исти места, што би правела ако сум сама?“. Многу девојки би го проголтале чувството дека им недостига нешто во врската, само за да го избегнат чувството на осаменост.
  • Страв од непознатото:„Што ако не најдам подобар од него?“. Непознатото секогаш носи мисли од типот „Што ако..?“. Честопати луѓето се задоволуваат со она што го имаат, иако не им е доволно, само поради тоа што се плашат да побараат подобро. Си велат: „Подобро да го зачувам ова што го имам, отколку да останам со празни раце или да завршам со нешто полошо“.
  • Сожалување и вина:„Тој е многу добар кон мене, многу ме сака / Тој нема никој друг освен мене“. Тој прави апсолутно сè за да ве освои. Добивате романтични подароци, преплавени сте со комплименти и изјави на љубов, вие за него секогаш сте на прво место. Многу жени во слична ситуација не би нашле доволно храброст да одбијат вакво добро момче или да му го скршат срцето и да му раскинат. Па, иако немаат врска каква што посакувале, решаваат да останат со него.

 

Write A Comment