1. Напад на мачка
Мачките по природа се љубопитни суштества, па сигурно е дека ќе реагираат доколку ве забележат како скокате на кревет без облека. Несреќните сопственици на овие куќни љубимци добиле длабоки гребнатини на задникот или на друго чувствително место. Некои веруваат дека со тоа мачката се обидува да го заштити својот сопственик, а некои веруваат дека мачките едноставно пречат за време на сексот. Во секој случај, погрижете се за време насексот да не ви смета ништо.
2. Оргазам од кој останувате без вид
Во текот на изразито интензивен оргазам, протокот на крвта може да се зголеми, може да доведе до пукање на крвните садови во очите што предизвикува привремено прекинување на видот. Некои доктори кажуваат има случаеви кога мажите и жените барале помош поради вакви ситуации.
3. Неправилно “подмачкување”
Оваа приказна ќе ве поучи да пазите за време на користење на лубриканти. Момче и девојка биле во посета кај бабата на девојката и одлучиле да се забавуваат. Барале лубрикант но нашле нитроглицеринска паста и заклучиле дека тоа може да им помогне. Кога бабата ги пронашла, биле голи и во несвест и тоа во визбата. Веројатно нема ни малку удобни спомени од нејзината драга внука.
4. За сѐ е крива работата
Една несреќна жена во Австралија имала секс во хотелска соба. Од преголема енергичност кревет толку се тресел што удирал во ѕид, поради што лустерот и паднал точно над главата. Наместо да го тужи хотелот, таа го тужила нејзиниот шеф. Зошто? Бидејќи била на службен пат, па тврдела дека поради службениот пат претрпела психички и физички повреди. Нејзиниот шеф, секако, ги одбил обвинувањата и изјавил дека несреќата се случила поради сопствено уживање.
5. Голтање презерватив
Сите знаеме дека е паметно да се преземаат мерки за претпазливост и да се користи презерватив, но не и да го изедете. Познато е дека за време на орален секс многу жени го голтнале презервативот што предизвикува тешкотии во дишењето. Зошто го направиле тоа, не ни е јасно.
6. Чувајте се од стаклени шишиња
Кога алкохолот тече во вените, сѐ е возможно. И поради тоа не е чудно што пивските и винските шишиња се најчести предмети што се наоѓаат таму каде што не треба да се наоѓаат. Ако сакате да избегнете болни исекотини, потрудете се шишето да не заврши во креветот.
7. Сексуален однос од кој застанува срцето
Сексот е облик на вежбање, а ако е енергичен, може да согори повеќе од 300 калории за сат време. За време на сексот може да се предизвика срцев удар дури и сати после сексот.
8. Спортски повреди
Спортските ѕвезди заработуваат милиони, афтоматски ги имаат најубавите фотомодели, манекенки- секс бомби, а секс бомбите сакаат секс! За жал, сексот може да влијае на кариерата. Фудбалерот Кевин Принц Боатенг е еден од нив. Претрпил сериозни повреди на мускулите поради својата девојка, која од него барала секс преку десет пати неделно.
9. Љубовно гризење кое парализира
Најпознат трофеј кај тинејџерите е гризењето, но може да биде поопасно отколку што мислите. За време на сексот една жена во Нов Зеланд била гризната од својот партнер и за кратко време ѝ се парализирала левата рака. Лекарите откриле дека гризот бил толку силен што предизвикал згрутчување на крвта во артеријата во вратот, поради што претрпела и мал мозочен удар.
10. Модрици, набивање…
Не се сите повреди толку страшни. Истражување во Велика Британија покажало дека третина од луѓето признаваат дека за време на сексот претрпуваат полесни повреди, вклучувајќи модрици, набивање на зглобовите. 5% од испитаниците признале дека отсуствувале од работа поради повреди настанати за време на сексот.
