After Midnight

Овие изговори ве спречуваат да уживате во сексот

Добриот секс кој трае не е дарба, тој е достигнување. Како и сите други нешта, така и во сексот, колку повеќе вложувате труд, толку побрзо ќе добиете добри резултати. Исто така, докажано е дека колку повеќе истражувате во сексот толку поголема ќе биде вашата желба и нивото на сатисфакција.

Погледнете ги првите четири изговори кои вие или вашиот партнер ги користите за да го саботирате вашиот сексуален живот:

Јас сум стара за тоа!

Ако сеуште можете да јадете, дишете и се смеете, тогаш сеуште можете да бидете отворени за нови сексуални искуства. Возраста е само личен став за изговор.

Секако, проблемите со здравјето и стареењето можат да влијаат на тоа кои техники и идеи ќе ги одберете, но одбивање на иновации во сексот само затоа што не сте веќе млади е непотребно.

Среќна сум со обичен секс

Многу луѓе не сакаат совршен секс. Страсниот секс е физички и емотивно моќен и доколку не ви се допаѓа тогаш ја губи својата контрола и наместо привлечен станува ужасен.

Интензивен секс значи интензивна врска, а тоа значи интензивна болка ако сето тоа се одвива лошо.

Некои луѓе едноставно имаат природно ниско либидо и не можат да ја разберат оваа фама околу сексот.

Ако вие и вашиот партнер сте задоволни од вашиот секс и не сакате промени, тогаш немате проблеми и не треба да чувствувате притисок.

Но, постои проблем, ако само еден од партнерите го чувстува ова, тогаш незадоволството од сексуалните очекувања и исполнувања, може да доведе до инволвирање во сексуална афера.

Јас не сум авантуристички тип и не сакам промени

Некои луѓе имаат тенденција да се соочат со промени, но некои не, обично затоа што нивното ниво на самодоверба е пониско. Колку сте посигурни во себе, толку е поголема веројатноста за нови нешта во сексуалниот живот.

Понекогаш признавајќи ги своите стравови на глас прават да дознаеме колку глупаво звучат истите.

Премногу сум срамежлива

Стравот кој го имаме за време на сексот е да не се почувствуваме глупаво и како комплетни идиоти. Некои помалку,некои повеќе..

Ако не сте личност која се чувствува удобно за време на секс, тогаш дозволете му на вашиот партнер да ја превземе доминантната улога.

Трикот за ослободување од срамежливоста е во тоа да започнете со оној новитет кој е помалку страшен за вас, па полека но сигурно да стигнете до оние пострашните.

 

Write A Comment