Секстинг – испраќање секси смс пораки, е здрав и пожелен зачин во секоја врска. Ако немате идеја каква порака да му испратите, еве неколку добри решенија:
Фактите се следни: ниту еден фраер со здрав разум нема да одбие можност за валкано и секси допишување со девојката. Еве мала помош да осмислите порака која ќе го доведе до лудило!
1. Само за твоите очи
Мажите по природа се посесивни. Токму од таа причина идејата нешто што му се допаѓа кај вас да му припаѓа само нему потполно ќе го распамети. Погрижете се да се почувствува дека вие двајцата имате некоја валкана тајна. Испратете му палаво селфи со овие зборови како додаток и гарантираме инстант ерекција!
2. Почекај само секунда да се облечам…
Иако со оваа порака нема да кажете ништо посебно, ќе предизвикате лавина слики во неговата глава. Затоа што единственото нешто за кое тој ќе размислува е вашето голо тело и малкуте парчиња облека кои можете да ги ставите на себе за тоа кусо време. И едвај ќе дочека да ве грабне, се разбира.
3. Те сонував синоќа
Можеби не сте го сонувале воопшто, можеби сте сонувале некоја глупост или Рајан Гослинг, но ако му кажете дека ви се мотка по соништата тој автоматски ќе заклучи дека во прашање бил некој врел сон. Најдобро не откривајте премногу детали и оставете ја неговата фантазија да збесне. А верувајте дека тоа и ќе се случи.
4. Те сакам и те сакам во себе
Ваквата порака би била школски пример за ромекстинг, односно пораките кои вклучуваат и романтика и секс, а идејата како таква ја изложил порно актерот Џејмс Дин. А што да се каже, веројатно, човекот знае што поминува.
5. Вечер кога ќе дојдеме дома…
Пораката завршете ја како што сакате, слободно понудете му го сценариото кое сте го замислиле или едноставно само нафрлете му дека едвај чекате да дојдете дома и диво да се исексате. Верувајте дека цел ден нема ни да помисли на друго.
