← НАЗАД НА БОЗА

Пет знаци дека е одличен во кревет

Пет знаци дека е одличен во кревет
517 Читања

Го пронајдовте вистинскиот партнер и подготвени сте да ја подигнете врската на повисоко ниво – она во спалната соба. Во глава веќе неколку пати сте замислувале за таа средба и сè беше совршено, но се прашувате како може да знаете дали предметот на вашата желба и во реалност е така добар?

За среќа постојат знаци кои ќе ви покажат дали овој маж е вреден да стане ваша љубов. Еве кои:

1. Се однесува како џентлмен

Ви отвара врата, ви помага да го соблеќете мантилот, вре прашува за вашиот важен проект на работа. Сите тие се знакови дека мисли на вас, а ако е обзирен џентлмен надвор од спалната соба, може да бидете сигурни дека и кон вас ќе се однесува на истиот начин кога ќе се изгаснат светлата.

2. Знае како да ве допира

Добриот љубовник е оној кој ја цени сензуалноста и надвор од спалната соба. Мажот кој ви ја допира раката во текот на вечерата, нежно ви го допира грбот додека излегувае од врата, неприметно ви ја земе раката додека шетате, ќе знае како да ве допира по целото тело.

3. Не се врти сè околу него

Многу е веројатно дека типот на маж за кој разговорот за неговиот автомобил му е на прво место, нема да биде тој со кој ќе посакате да водите љубов повторно, ако дојде до тоа воопшто. Во кревет ќе ви го земе вниманието оној кој прво ќе ве праша како сте го поминале денот, ќе ве однесе во вашиот омилен ресторан иако не е најголем обожавател на таа храна.

4. Не му се брза

Мажот кој сака озбилна врска со вас, знае дека сте вредни за чекање. Затоа, ако ви каже да причекате, или дека не му се брза, не мислете дека ве одбива, туку знајте дека сака подобро да ве запознае за да биде што подобар партнер во кревет.

5. Со него се чувствувате прекрасно

Мажот со кој ќе се чувствувате слободно во кревет, кој не штеди на комплименти и ја пофалува секоја ситница која ќе ја примети на вас и која му се допаѓа. И на начинот на кој ве гледа се чувствувате секси и привлечно. Таква хемија гарантира совшрен секс.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk