Жените поминуваат безброј часови во обид да разберат “што сакаат мажите”. Големата продажба на списанија и книги за разоткривање на машкото сознание, сведочат за силната желба да се стигне до општа “формула”.
Добрата вест е дека науката спроведува се повеќе истражувања со цел спознавање на машкиот ум. Се потврдува ли вистинитоста на старите сексистички стереотипи или има пријатни изненадувања? Погледнете ги резултатите во следниве редови.
Мажите навистина не паметат како е облечена жената на првиот состанок
Жените не само што не ги забораваат годишнините од свадбата, тие ги паметат и облеката и датата кога за прв пат се бакнале со својот сопруг, која песна се пеела во ресторанот кога и предлагал брак. Додека пак мажите често се наоѓаат во непријатни ситуации кога не можат да си припомнат вакви слични детали. Мажите од друга страна имаат повизуелни спомени, тие лесно запаметуваат како да стигнат од едно место до друго, а недостатокот на ориентација е карактеристичен за женскиот пол. Една научна анализа од 2008 година тврди дека токму поради ова, мажите се склони 1,5 пати повќе од жените на заболување од деменција.
Мажите не слушаат
Мит е тврдењето дека користиме само 10% од мозокот. Но не е мит фактот дека додека слушаат мажите ја користат само левата страна на мозокот, која е поврзана со јазикот, додека жените ги користат и двете хемисфери. Тоа не значи дека жените се подобри слушатели, туку дека двата пола слушаат само што на различен начин. Бидејќи жените ги користат повеќе центрите за обработка на јазикот, тие се во состојба да вршат повеќе работи едновремено. Додека пак на мажите им е потребно да се сконцентрираат единствено на разговорот, како би можеле да ја обработат полноцено информацијата.
Мажите навистина не можат да престанат да гледаат други жени
Во многу научни анализи до сега докажано е дека мажите се помалку сочуствителни од жените, бидејќи тие имаат помалку “чувствени” неврони од жените. Но тие не отсуствуваат наполно, станува јасно од француската анализа на темата. Машкиот мозок се скенира додека гледаат порнографија и научниците откриваат дека делот од мозокот односно чувствените неврони се активираат пред учесниците да добијат ерекција. Тоа ја докажува власта на порното над машкиот мозок – ги убедува невроните да мислат дека сексот реално настапил. Процесот стимулира физички одговор, е објаснувањето на научниците.
Мажите не мислат на секс секоја седма секунда
Мажите често се обвинувани дека сознанието им е постојано завладеано од мислата за секс. Често посочуваната статистика вели дека сексуалните мисли се јавуваат во умот на еден маж на секои седум секунди. Според Институтот Кинси, 54% од мажите мислат на секс секој ден, а само 43% од нив помислуваат на секс неколку пати седмично или месечно. Кај 4% од нив може да пројде и еден месец без да помислат на секс.
И мажите имаат чувства но не очекувајте да заплачат
Жените се сметаат за поемоционален пол. Причината во голема степен е во фактот дека мажите уште во најрана возраст знаат дека емоциите се својствени за девојчињата. Амигдалата е дел од мозокот кој ги контролира нашите емоционални реакции. Кај мажите таа комуницира со уште неколку делови од мозокот, како визуелниот кортекс и дел од мозокот одговорен за движењето. Кај жените амигдалата има посилна врска со деловите од мозокот кои го контролираат јазикот, што е објаснување зошто жените зборуваат многу почесто за чувствата од мажите. Жените плачат 4 пати повеке од мажите, бидејќи имаат 60% повеке пролактин во организмот. Пролактинот е хормон кој меќу другото го стимулира и плачот.
