Free zone

Погледнете ја најпрецизната мапа на универзумот со точност од 1 одсто!

Научниците кои работеле на овој проект мапирале локации на 1,2 милиони галаксии и откриле дека нивните нови теории се поклопуваат со оние на Ајнштајн односно се поврзани со неговата идеја за “космолошка константа“ според која темната енергија е константна низ целокупната историја на универзумот.

Научниците ја пресмателе  дистанцата помеѓу галаксиите одалечени повеќе од 6 милиарди светлосни години со прецизност од 1% – што претставува до сега најпрецизна анализа.

Сеуште добро не ја познаваме темната материја, но ги познаваме нејзините својства. Потоа ги споредуваме тие вредности со нашите претпоставки во согласност со нашите разбирања за космосот. Колку тие вредности се попрецизни, толку повеќе можеме да дознаеме за оваа проблематика во иднина – се вели во студијата.

Новите резултати фрлаат ново светло за формата и изгледот на универзумот. Накратко се вели дека универзумот е плоснат, што значи дека неговиот изглед може да биде опишан со помош на Еуклидовата геометрија каде правите линии се паралелни, а аглите во тријангл даваат збир од 180 степени.

Foto: Zosia Rostomian/Lawrence Berkeley National Laboratory

 

Напиши коментар