Не би сакале да најдеме маж кој е неуреден, детинест, нестабилен, постојано гледа спорт… но, да најдеме маж кој нема барем една од овие особини е невозможно.
Постојат неколку манири, кои секоја жена би сакала да ги пронајде во еден маж, а тој маж би бил токму ваков:
Ќе ви вари чај пред да станете од кревет и ќе ви стави една лажичка мед зошто знае дека се обидувате да го намалите шеќерот.
Ќе ви подари цвеќе без посебна причина.
Ќе ви дозволи да победите во некоја друштвена игра, само затоа што се лошо расположена. Има пријатен разговор со мајка ви, татко ви, го советува вашиот брат…
Ќе ви дозволи цела ноќ да му лежите на рамо иако раката му се здрвила.

Ќе ви каже кога е ок, да ги отворите очите кога гледате хорор.
Ги носи тешките торби до станот.
Ќе ве пофали дека готвите подобро од неговата мајка.
Ви ја држи главата додека повраќате…
Се спријателува лесно со вашите пријатели.
Ви праќа секси пораки.
Не приметува кога сте се здебелиле 5 кг, но забележува кога сте ослабеле 2.
Ви ги допира нежно образите…
