After Midnight

Пресметајте дали си одговарате со вашиот партнер (прв дел)

Нумерологијата нуди многу прецизен метод да се утврди каква е вашата врска или каква ќе биде евентуалната таква. За да ги искористите предностите на оваа информација, треба да го пресметате вашиот датум на раѓање, како и таа на партнерот. Тоа се случува ако ги соберете броевите од датумот на раѓање до добивање на едноцифрена бројка. А потоа да го сторите истото и со неговиот датум на раѓање. Добиената комбинација од двете крајни бројки ќе ви каже дали имате шанси за совршена врска, или пак таа ќе биде катастрофална.

Пример: Таа е родена на 12.01.1983, тој е роден на 23.08.1980

Таа: 1+2+0+1+1+9+8+3=25. 2+5=7

Тој: 2+3+0+8+9+1+9+8+0=31. 3+1=4

Тоа се партнери со комбинација 7 и 4

Епа, пресметајте и да видиме!

1 и 1

Двајца владетели не можат да делат иста територија. И двајцата сте премногу силни карактери, не сте навикнати да отстапувате и постојано покажувате супериорност.

1 и 2

Ако единицата не претерува со егоизмот, имате прекрасни шанси за хармонична и убава љубов.

1 и 3

Многу интересна, динамична и емотивна врска. Но, за да потрае подолго ќе треба да најдете заеднички цели во животот. Во спротивно секој ќе тргне сам по патот.

1 и 4

Проблематични односи од интимна гледна точка. Но како пријатели се разбирате одлично.

1 и 5

Љубов на прв поглед, многу страст и жестоки кавги и за најситни нешта. Ако сте фанови на адреналинот, супер. Но, ако барате нешто постабилно, нема да го најдете во оваа врска.

1 и 6

Одлична комбинација. Секој од вас ги задоволува потребите на другиот, без да прави компромиси со себе. Не измислувате непостоечки проблеми. Држете се еден за друг и ќе бидете многу среќни.

1 и 7

таквите врски се многу долги, но не и особено длабоки. А сепак, во нив има некја необјаснива спојка, која е доволна за да бидете заедно. Само ви треба уште малку страст.

1 и 8

И двајцата не умеете особено добро да ги покажете чувствата. Ако го промените тоа, унијата ќе биде успешна.

1 и 9

Многу ветувачка врска. Вие се надополнувате и се разбирате одлично. Според нумерологијата вие сте една од најдобрите комбинации.

2 и 2

Ако сте само пријатели, си одговарате одлично. Доколку се наметнат романтични чувства ќе стане една голема каша на недоразбирање.

2 и 3

Балансиран пар. Постои многу хармонија и разбирање меѓу вас. При тоа ќе станете одлични родители. Значи, ако сеуште не сте, дејствувајте!:)

2 и 4

Ви претстои одлична иднина. Но имате голема пречка меѓу себе – решителноста. Секој чека на другиот да го направи следниот чекор.

2 и 5

Емотивно нешто ви недостасува. Постојано си поставувате некакви искушенија, за да си докажувате нешто. Престанете, така ја убивате љубовта.

2 и 6

Оваа врска претставува љубов до крајот на животот! Не се сомневајте ни за секунда дали си одговарате. Идеални сте еден за друг!

2 и 7

Можна е подлабока и подолга врска, но ќе треба да поработите и двајцата. Како за почеток поработете на романтиката и изненадувањата. Тие ќе ве сплотат повеќе отколку што мислите.

2 и 8

Разбирање има, доверба има, недостасува само малку повеќе динамичност. Правете нови работи заедно, инаку здодевноста може да ве раздели.

2 и 9

Премногу сте различни. Како од различни планети. За да опстои врската ви требаат многу компромиси и многу нерви да потрошите. Вреди ли?

3 и 3

Може да создадете одлични односи, но стремежот за независност и на двајцата може да доведе до заладување на односите. Или до претерана љубомора!

3 и 4

Ако тројката навистина е вљубена и има сериозни намери, имате шанси за успешна врска. Но не е доволно само да чувствуваш, треба и да покажуваш што чувствуваш!

3 и 5

Вие сте убава комбинација, а ако имате и заеднички интереси, нема никакви пречки љубовта да стане прекрасна. Односите може да западнат во криза доколку премногу долго сте подалеку еден од друг.

3 и 7

Мали шанси за стабилна врска. Гледате во сосема различни правци, што редовно предизвикува тешки конфликти.

3 и 8

Врската ви е скоро бескорисна. Постојано се карате и обвинувате. А вистината е дека никој од вас не е “лошиот”. Едноставно не си одговарате.

3 и 9

Генерално добра комбинација, но ќе требаат и многу компромиси. Не дозволувајте вашите најблиски да ви се мешаат во односите.

 

Write A Comment