Според најновите истражувања, дојдено е до следниве заклучоци:
- Спречува рак – Австралиско истражување од 2003 година откри дека мажите кои ејакулираат повеќе од 5 пати неделно, имаат 3 пати помалку шанси да развијат рак на простатата. Отровите кои ја предизвикуваат болеста се во урогениталниот тракт и кога мажите ејакулираат, ги исфрлаат од системот.
- За време на однос, пенисот е потврд – Како што старееме, нормално е да губиме мускули, дури и долу. Со постојаниот секс и мастурбација се вежбаат мускулите и се спречува дисфункција или инкотиненција. Затоа се препорачува мастурбирање 3 до 5 во неделата.
- Помага сексот да трае подолго – “Со мастурбирање еден час пред да имаш секс, имаш поголема контрола” вели Брејм. “Потребно е да се тренира и да се измери колку време е потребно за да се постигне оргазам” сугерира Ава Кадел, сопственик на loveologyuniversity.com. Доколку за време на мастурбација се потребни две минути, обиди се следниот пат да потрае три минути. Со пракса, до совршеност, нели?
- Сѐ зависи од твојот имунитет – “Ејакулацијата го зголемува нивото на хормонот кортисол” вели Џенифер Ланда, специјалист за хормонална терапија. Кортисолот помага во одржувањето на имунитетот. “Мастурбацијата може да ги зацврсти имуниот систем” вели таа.
- Го подобрува расположението – Мастурбацијата ослободува неурохемикалии како допамин и окситоцин коишто го подигаат духот, го подобруваат задоволството. “Оргазмот е најголемата eксплозија на допамин која не содржи никаков лек. Додека човекот доживува оргазам, неговиот мозок изгледа исто како оној на зависник од дрога.”
