← НАЗАД НА БОЗА

Пролетниот секс на врвот на листата!

Пролетниот секс на врвот на листата!
3183 Читања

Секој обожува да е со најблискиот и љубениот. Ова се причините зошто да се опуштите и што почесто да одите до крај. Како пролет, нема друго време 🙂

Исто како лето, само без пот

Летно време сите полудуваат по секси игри, но тогаш жештината си го прави своето. Желбата често пати се губи од неподносливите 40 степени, што не е случај во пролетта.

3. Мајските дождови се секси

Дали сте се обиделе да ја започнете предиграта со бакнување на дожд? Ви предлагаме што побрзо да пробате.

Сезонски алергии

Кога ќе настапи сезонската алергија, а вие сакате да се излежувате низ креветот, искористете ја можноста да се откажете од работа на само еден ден кој ќе го искористите за галење во постела.

Предиграта е подолга

Штом времето се разубави, предиграта сè повеќе се загрева. На кој би му текнало во сред зима да си игра со замрзнати коцки?

Станувате порано

Денот е подолг, утрото потопло, а тоа значи дека имате време и услови за брз и незаборавен утрински секс.

Лесна облека

Факт е дека откриените машки бицепси и женските затегнати нозе се најголем пролетен афродизијак.

Секси долна облека

Затоа што сè е шарено во пролетта, истото се случува и со долната облека. Во пролет докажано е дека посветувате поголемо внимание на тоа дали таа е во тон со она што го носите, ако случајно да се ѕирне.

Самодовербата расте

Со сè од горенаведеното факт е дека вашата самодоверба е вивната до небо. Плус, кожата и косата изгледаат многу подобро под сончевите зраци.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk