Со месеци сте во врска, но многу малку знаете за него. По сексот се чувствувате празно, ретко е достапен кога ви е потребен и многу често е презафатен и нема време за вас.
Ако не сте сигурни дали човекот со кој сте во врска е емоционално недостапен, еве неколку факти кои укажуваат на тоа:
- Има изговор за сé
Не ве претставува како своја девојка, туку како пријателка, неговиот статус на социјалната мрежа е неодреден, а кога ќе ја започнете таа тема обично има чудни и неодредени објаснувања.
- Недостапен е физички
Дознавате дека бил на утакмица преку фотографии кои ни среќавате на фејзбук. Кога ќе му испратите порака или ќе го побарате, не одговара со часови или денови.
Понекогаш имате чувство дека исчезнал од лицето на земјата, но кога ќе ве побара, во своето “исчезнување” не гледа ништо лошо или основниот изговор е дека е презафатен.
- Голема мистерија
Веќе со месеци сте “во врска”, но вие во суштина многу малку знаете за него, а и половина од тоа сте дознале од некои свои извори. Немате идеја што прави и каде се наоѓа…
- Самиот на себе најважен
Вашите состаноци ги одредува според својот распоред, бидејќи само тој е презафатен и никогаш нема време. За вас има време само кога не е со своето друштво. Ве бара само кога сака секс, а зборува со вас доволно за да може слдниот пат повторно да ве побара.
- Одредува статус врска
Нему му одговара вашата врска да не се развива премногу брзо, односно сака да ве држи на дистанца, бидејќи така има слобода да запознае нови луѓе.
- Други жени
Прекинал долгогодишна врска или брак, но сеуште не раскрстил со стариот живот, што може да биде причина за неговата емоционална недостапност.