За поголемо парче облека се препорачува смирена конзервативна боја. Силните бои треба да бидат на ситните додатоци како на пример вратоврската.
Ровата е пријателска боја, одлична е за пролет и лето и добро се комбинира со сива, плава и песок боја.
Портокаловата боја се нарекува и боја на среќата. Упатува на успех, храброст, авантуризам, топлина и ентузијазам.
Црвената е доминантна и силна боја. Претставува власт, доминација, внимание, здравје, страст и енергија. За поконзервативен изглед се препорачува бордо нијансата или пак вишна боја.
Кафејавата е постојана боја која ве држи цврсто на земја. Темнокафејавите нијанси се препорачуваат за есен и зима, додека светлите се идеални за пролет и лето.
Зелената е боја на просперитетот, престиж, виталност и хармонија.
Сината боја асоцира на мир, љубов, знаење, друштвен статус, здравје, среќа и интелигенција. Една е од најпопуларните бои за кравати бидејќи се уклопува скоро со се.
Златната е бојата на луксузот и престижот но и на мудроста и просветлувањето. Но поради нејзината јаркост мажите избегнуваат да ја носат.
Сребрената е мошне елегантна, отмена но и ладна боја.Нјчесто оваа боја се употребува за аксесоари или додатоци на облеката, но не и за големи парчиња.
Црната е елегантна и најчесто носена боја во бизнис светот и тоа од глава до пети. Но сепак, оваа боја може и да делува депресивно на луѓето.
Белата боја претставува власт и чистота. Во Германија судиите носат бели кравати како симбол на нивниот непристрастен суд. Белата боја е најчестиот избор кога станува збор за машки кошули.
